top_image.jpg (100305 bytes)
Новости и информации


РЕАЛИЗИРАНА РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ И КОМОРА НА ПРОФЕСИИ И ЗАНАЕТИ КАЛВАДОС-ОРН-ДОЛНА НОРМАНДИЈА , ФРАНЦИЈА - 
На ден 19.05.2016 година во просториите на Занаетчиската комора Скопје со помош на Локомотива- Центар за нови иницијативи во Уметноста и Културата, се одржа работна средба помеѓу Занаетчиска комора Скопје и Комората на професии и занаети Калвадос-Орн-Долна Нормандија Франција. Основна задача на комора е го одржуваат репертоарот на занаетите, да го организираат учењето и професионалната обука во областа на занаетите, да го поддржуваат економскиот развој на претпријатијата. Целта на работната средба е развивање нови типови на институционални соработка, во домените на едукација, размена на искуства, знаења, модели на продукција и взаемна промоција. На работната средба беше присутна директорката на комората Катерина Плоух, претставниците на Локомотива Виолета качакова и Јана Ацевска, Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, г-дин Никола Петров, извршниот директор на Занаетчиската комора Скопје Снежана Денковска и стручниот соработник Анета Атанасовска.

повеќе...

Пролетен базар на домашни ракотворби 19-20 мај 2016 година - 
“Пролетниот базар на домашни ракотворби” се одржа на 19-20 мај 2016 година, Плоштад Филип Втори организиран од страна на Занаетчиската комора Скопје, финансиски подржан од Градо Скопје. На Пролетниот Базар се презентираа домашни и уметнички ракотворби и избор на најавтентичен сувенир на Град Скопје. Пролетниот базар го отвори претседателот на Занаетчиската комора Скопје - Никола Петров, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и раководителот на секторот ЛЕР-Град Скопје Слободан Ќосев. Во рамките на проектот се избраа автентични сувенири на Градот Скопје и тоа: I место-Андријана Алексовска Андреевска АНИ СОРО Двокатен автобус од филигран Црвен автобус брош од сребро излеано течно стакло во црвена боја II место-Јасмина Главинчевска-ВИЗАРТ Магнети III место Елена Поповска-мапа на Скопје ѓердан од плексиглас Ивана Кнез-ДРАМА- везилка-ѓердан од плексиглас Реализацијата на Проектот Пролетен базар на домашни ракотворби произлегува од Стратегијата за негување и развој на занаетчиството како мерка и инструмент за развој на занаетчиството, како манифестација на богато занаетчиско знаење,уметност која ја нудат занаетчиите од територијата на град Скопје. Истражувањата укажуваат на потребата од креирање мерки за подршка и потикнување на занаетчиството кој што како дел од стопанството претставува сектор кој има долга традиција и култура во нашата земја. Во градот Скопје заклучно со 2015 година се регистрирани околу 2000 занаетчии како физички лица од кој дел од нив се регистрирани за вршење на занаетчиски дејности од областа на домашните ракотворби и уметничките занаетчиски дејности. Делот од занаетчиството кој што е врзан со уметничкото занаетчиство има богата традиција во овој регион и во целата земја.Исто така уметничкото занаетчиство е важен дел за развојот на локално економскиот развој, и креирање на туристичка понуда на производи за развој на туризмот во овој регион.Во Стратешкиот план 2014-2018 на Локално економскиот социјален совет на градот Скопје една од стратешките активности е подршка на креативното претприемништво. Целта на Проектот Пролетен Базар на домашни ракотворби, ќе се реализира презентација на изработените креативни производи од членовите на Занаетчиската комора Скопје, од сите дејности кои ги покриваат домашните ракотворби, и уметничките занаетчиски дејности. На Базарот учествуваа креативните занаетчии од редот на домашни уметнички ракотворби и тоа: изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, слики од срма, плетени и ткаени производи, папуџии, јорганџии, производи од дрво и други рачно изработени производи.

повеќе...

Сервисери на опрема за ладење –членови на ЗКСкопје учесници на работилница за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење организиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање - 
На ден 05.05.2016 година во просториите на Секретаријат за европски прашања, членови на секцијата електромеханичари при Занаетчиската комора Скопје учествуваа на работилница за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење организиран од страна на Министерството за животна средина. Најпрвин претставници од Министерството презентираа процент на уништување на озонската обвивка –осиромашување и заштита.Потоа следеше појаснување на националната легислатива во управување со средства за ладење, начин на водење евиденција и означување на опрема што содржи средства за ладење, лиценци за постапување со средства за ладење и изготвување на годишен извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење. На работилницата се поставија многу отворени прашања во однос на обврските за поседувачот и сервисерот на опремата и начинот на водење евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење.

повеќе...

DENOVI NA FILIGRANSTVO 06-08 MAJ 2016 - 
SKOPJE CITY MALL

повеќе...

Од 26.4. (вторник) до 28.4.2016 година (четврток) пред нашиот трговски центар ќе се одржи првиот Велигденски базар, во организација на Капитол мол, Општина Аеродром и Занаетчиската комора на Скопје. - 
На базарот ќе може да се видат креативни занаетчиски производи од членови на Занаетчиската комора, но и изработки од членовите на невладините организации за лица со посебни потреби на територијата на Општина Аеродром, меѓу кои Солем, Порака, Мобилност и Доблест. Капитол мол. Твој мол, твое место… Целта на велигденскиот базар е да се промовираат традиционалните вредности преку промоција на занаетчиски изработки како филигран, производи од дрво, плетиво, текстил, накит, разни украси, изработки од стакло и други рачни изработки. Исто така, во рамки на базарот, кој ќе биде отворен секој ден од 10:00 до 20:00 часот, ќе се одржуваат и културно забавни активности на професионални аниматори, мини-концерти на етно-бендови и други познати пејачи, како и промоција на техники за изработка на велигденски украси.

повеќе...

ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР - 
В Е Л И Г Д Е Н С К И Б А З А Р 26-28 април 2016 од 10-20 часот C A P I T O L

повеќе...

ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД - 

повеќе...

Зошто да станам член на Занаетчиска комора - 

повеќе...

29.03.2016_JAVEN OGLAS - MAK -PRAKTIKANSTVO 2.pdf - 

повеќе...

Обука за стекнување на вештини од стари занаети - 
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, за активната мерка Обука за стекнување на вештини од стари занаети, Занаетчиската комора Скопје, на ден 17.03.2016 година, објавува ЈАВЕН ОГЛАС до заинтересирани работодавачи Се повикуваат работодавачи кои се заинтересирани за спроведување обуки за стари занаети, оспособување за стекнување на знаења и вештини, да се пријават најдоцна до 30.04.2016 година во Занаетчиската комора Скопје. Обуките се однесуваат на следните стари занаети и ке се обавуваат кај работодавачи: -ковачи (ковано железо изработка на предмети за ентериер и екстериер огради,мебел изработени од дизајнер) во период од 6 месеци -бочвари (бочвии буриња завино и ракија и декоративни предмети завнатрешно и надворешно уредување навинарии,кафичи,ресторани,пивници ,дворови изработени од дизајнер) во период од 6 месеци -јорганџии ( изработка на јоргани и прекривки според модели израработени од дизајнер) во период од 3 месеци -стаклари (урамувачи на слики и фотографии) обука во период од 2 месеци -оџачари во период од 3 месеци -лимари (изработувачи на лимени предмети инспирирани од нашата традиција како кофи за вадење вода од бунар,корита за перење ,канти за полевање на цвеќиња спорд скици изработени од дизајнер ) во период од 4 месеци Заинтересираните работодавачи занаетчии треба да ги исполнуваат следните услови: -да имаат документ за регистрирана соодветна дејност како занаетчија или вршител на занаетчиска дејност; - да имаат минимум 10 години искуство како самостоен занаетчија или вршител на занаетчиска дејност. Заинтересираните работодавачи кои ќе бидат избрани за изведување обука ќе добијат до 30.000,00 денари паричин надомест по обучено лице. Некомплетните и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапка за избор. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Занаетчиска комора Скопје и изведувачот на обуката. Пријавата за учество може да се најде на интернет страната на Занаетчиска комора Скопје или во комората , заедно со потребната документација: -Решение за регистрација на занаетчиска дејност или потврда за вршење на занаетчиска дејност за вршители на занаетчиска дејност (ТП или ДОО, ДООЕЛ) -Тековна состојба непостара од 6 месец -Диплома за мајстор или други дипломи или сертификати Потребната документација да се достави најдоцна до 30.04.2016 год. на следната адреса: Занаетчиска комора Скопје, ул.Битпазарска бр.12 1000 Скопје Детални информации можат да се добијат во Занаетчиска комора Скопје, контакт телефон 02/3237-850 ;078/312134 и 071/991 981 и веб страната www.zkskopje.com.mk. Занаетчиска комора Скопје

повеќе...