Образовен центар -

Центар за обука

ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ

           

Занаетчиска комора Скопје како асоцијација која ги здружува занаетчиите и вршителите на занаетчиската дејност на подрачјето на Град Скопје и се грижи за создавање услови и рамка за подобри услови за развој на занаетчиството, а една од приоритетните задачи е создавање кадар за занаетчиите и кадар за отпочнување сопствен микро бизнис од областа на занаетчиството.

 

Бидејќи занаетчиството и стопанството се соочуваат со недостаток на работна сила која има вештини и компетенции поради што занаетчиите се принудени да ги пријават работниците кои немаат компетенции и вештини и знаења да им плаќаат придонеси и даноци, а за тој период да ги обучуваат, што значи губат време и профит. Исто така имаме голем број невработени лица кои имаат соодветно стручно образование но немаат практични вештини за вршење на занаетчиска дејност.

 

Обуките за занаетчиски дејности се со цел учесниците да се стекнат со вештини и компетенции во областа на стручното образование за вршење на занаетчиски дејности. 

Активностите на Центарот се директно насочени во следење на потребите на занаетчиите и стопанството. Компаниите на  различните настани, средби и состаноци организирани на ниво на секции групирани по соодвенти или слични дејности, ги изразуваат своите потреби и проблеми за неквалификуван кадар кој не спремен да се вклучи во процесот на работа бидејќи нема потребни вештини и компетенции и применливо теоретско знаење.

Во таа насока, изминатите години, на барање на занаетчиите и следејќи го пазарот на трудот беа направени бројни истаржувања во делот на работната сила и врз основа на нив се покажа  дека голем дел од компаниите имаат недостиг од профили од завршено средно стручно образование кои ќе се вклучат во процесот на работа. Со цел да се задоволат потребите на занаетчиството и стопанството, а во истиот момент да се помогне на невработените да се стекнат со одредени вештини и компетенции за полесно да најдат вработување .

 

Во текот на реализацијата на обуката, во овој центар за обука се стекнуваат со стручни квалификации, вештини и компетенции за одреден занаетчиски профили со кои кандидатите стануваат атрактивни на пазарот на трудот како во Република Македонија, така и на пазарот на трудот во земјите на Европската унија.

 

Имајќи ги предвид придобивките кои ќе се постигнат со обуката во центарот за обука произлегува и иницијативата за основање на Центар за обука под назив „ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ”, од страна на основачот Занаетчиска комора Скопје.

Цел на основачот е основање на Центар за обука кој ќе ги промовира европските стандари на квалитетна професионална, стручна обука во која ќе се практикува демократичноста, инвентивноста, креативноста, индивидуалност и која ќе обезбедува основа на доживотно учење и обука.

 

Начинот на работа во Центарот за обука ќе се заснова на развој на личноста и неговата креативност низ процесот на образование, стекнување на нови применливи знаења  и развивање на вештини и компетенции во професијата, што значи обуките се индивидулни бидејќи обучувачот го следи неговиот напредок во совладување на вештините и компетенциите.

Визија на центарот

Визијата на центарот е реализирање на обука за дом мајстор според принципите на доживотно учење и обука со која ќе се обезбедува развој на програми кои водат кон  квалификации преку стекнување на знаење, вештини, способности  и компетенции за одреден занаетчиски профил за потребите на работодавачи на кои им е потребен ваков кадар за одржување на стамбен и деловен простор,како и  за самовработување, отпочнување на бизнис и на пазарот на трудот во земјите-членки на Европската унија и пошироко.

 

Визијата на центарот за тренинг и обука е да воспостави систем за образование на возрасни (согласно Законот за образование на возрасни) преку имплементација на верифицирани посебни програми за образование на возрасните, со цел да се врши квалификација и преквалификација на кадар, со што ќе се придонесе да се намали недостатокот на кадар од определни струки. По завршувањето на обуката учесниците ќе се стекнат со компетенции кои ќе бидат потврдени со издаден сертификат.

 

Мисија

 

Мисијата на Центарот се заснова на принципите на креативност, претприемништво, транспарентност, слобода на изразување во работењето, градење на принципи на перманентно учење и професионален развој.

 

Мисијата на Центарот подразбира отвореност и подготвеност да соработува со стопанството и занаетчиството, образованието, науката, центрите за образование на возрасни и стручно образование и обука ,другите сродни центри од овој вид на обука во Република Македонија како и со слични центри во регионот и пошироко со здрава работна атмосфера и високи образовни стандарди во сферата на постигнувањето на стручните квалификации, следење на достигнувањата во техниката и технологијата, креативноста и ревидирање на програмите или носење на нови програми.

 

Во потесна смисла на зборот мисијата на центарот за тренинг и обука е да изврши квалификација и преквалификација на кадар со цел да се задоволат потребите на занаетчиството и стопанството.

 

Во поширока смисла на зборот мисијата на центарот е да:

-                      го промовира системот на образование на возрасните кој е функционален, модерен и во согласност со стандардите на Европската унија;

-                      воспостави систем кој обезбедува висок квалитет на учење и можности за стекнување на квалификации (знаење, вештини и компетенции) во согласност со потребите на пазарот;

-                      ја намали невработеноста;

-                      го развие претприемништвото;

ги задоволи потребите на пазарот на трудот со што ќе придонесе за економски, општествен и личнен развој.


Назад Испрати на пријател Печати