ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД -
ТЕКСТ ЗА е-весник и веб страни на Црвен крст на РМ, Црвен крст на град Скопје и Занаетчиска комора на град Скопје: ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД Црвениот крст на РМ, Црвениот крст на град Скопје и и Занаетчиската комора на град Скопје во рамки на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот” ја реализира фазата на идентификација и селекција на 40 лица кои се во социјален ризик и се долгорочно невработени на подрачјето на три општини: Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Два тима од социјални работници и еден психолог работат на терен со потенцијалните кандидати и нивните семејства преку средби во нивните домови. Целта на средбите со потенцијалните кандидати е нивно запознавање со целиот тек на проектот како и можноста за изучување на занает и долгорочна промена на нивната моментална состојба преку нивно вклучување во истиот. Работата на тимовите вклучува разговор со кандидатите како и пополнување на два прашалници од кои еден се однесува на социјалниот аспект , додека пак со другиот прашалник се мери спремноста за промена и нивниот мотив. Во оваа фаза е остварена соработка со подрачните служби од Центарот за социјална работа, општините и невладиниот сектор кои дадоа свој придонес. Досега се остварени контакти со 190 лица од кои ќе бидат избрани потребните 40 лица. Очекувањата во однос на заинтересираноста на потенцијалните кандидати за нивно вклучување во проектот, се исполнети. Овој проект се реализира во партнетсво со Занаетчиска комора на град Скопје и е финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4). Овој проект е финансиран од Европската унија Project: Take action for better competiveness on the labor market” funded by the European Union The Macedonian Red cross in partnership with Skopje Craft Chamber are implementing the project “Take action for better competiveness on the labor market” funded by the European Union within Operational Program of Human Resources Development 2007-2013 (IPA Component IV). Overall value of the project is 180.322,02, and 9.016,6 EUR are contribution of the Macedonian Red Cross and Skopje Craft Chamber. The aim of the project is to promote the conditions and possibilities for employment of the persons who are in social risk and the persons who are social-excluded on the labor market in order to reduce unemployment. The project is implemented through the Red Cross of Skopje in three municipalities of Kisela Voda, Gorce Petrov and Gazi Baba. Project activities are focused on strengthening the capacity of 40 people at social risk which are long-term unemployed, for their personal growth and development, strengthening their skills and qualifications to be relieved integration in society and especially their access to the labor market. The project is expected to provide psycho - social services for their families as additional support in their efforts to employment. Project activities will be supported by institutional cooperation between civil society and government institutions, the local authorities and business sector to ensure a coherent dialogue and raising awareness of the contribution to social inclusion of disadvantaged individuals, long-term unemployed in the labor market. "This project is funded by the European Union"


Назад Испрати на пријател Печати