Законски измени -

Почитувани колеги, членови, соработници

 

Би сакале да ве информираме за примената на последните измени во неколку законски прописи.

 

1.Новини во законот за ДДВ

 

Најпрвин во врска со новиот режим на оданочување на прометот со градежни услуги, отпадни материјали и промет на недвижнини во извршна постапка т.н "reverse сharge" (пренесена даночна обврска), кој влезе во сила од 01.02.2014год.

Донесена е Одлука со која поблиску се определуваат добрата и услугите за чиј промет се применува ваквиот даночен режим. Co истата се опфатени оние градежни услуги за чиј промет ддв обврската се пренесува на корисникот на прометот, при што се издаваат фактури без ддв само со назнака дека истиот се пренесува по чл.32-а.

Механизмот "reverse charge" ќе се применува само во случаи кога прометот се извршува помеѓу даночни обврзници регистрирани за целите на ддв.

Исти е случајот и со прометот на одредени отпадни материјали кои се опфатени со Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот од страна на друг даночен обврзник.

Овој даночен режим се прменува и на прометот со недвижнини во извршна постапка или постапка на присилна наплата по пат најавно наддавање.

Во прилог ја имате Одлуката по која треба да се водите за да се утврди дали за конкретен промет ќе се применува режимот на пренесување на ддв обврската.

Објавена е новата проширена ДДВ пријава со нови 13 полиња за селективно прикажување на излезен и влезен промет по разни основи.

Како прилози кон новата ДДВ пријава ќе се приложуваат разни извештаи за посебна евиденција на прометот, како што е прометот по новиот режим "reverse charge". Ова значи дека треба да се води посебна евиденција за овој вид на промет.

 

2. Новини во Законот за данок од добивка

 

Од 31,01,2014година во сила влегоа две важни измени во законот за данок од добивка :

·         Оданочување на побарувањата по основ на невратени заеми. Имено оние заеми дадени од 31,01,2014г. наваму, кои ќе бидат затекнати на 31Д2,2014г. како невратени, ќе бидат оданочени со данок на добивка од 10%. Затоа мора посебно да се внимава при давањето на заеми.

·         Се враќа стариот режим на оданочување на дивидендите исплатенаи на домашните правни лица.

 

3. Новини во законот за персонален данок на доход

 

Co најновите измени во законот за персонален данок на доход воведена е можност за примена на даночни погодности во областа на оданочување со персонален данок на доход на физички лица согласно билатералните Договори за одбегнување на двојно оданочување. Пропишана е и процедура за примена на овие даночни поволности при оданочување со персонален данок на приходи на резиденти на РМ остварени во државата договорничка и приходи на нерезиденти на РМ остварени во Македонија.

Согласно последните измени воведен е нов режим на оданочување на приходите остварени од вршење на самостојна дејност. Имено истите ќе плаќаат секој 15ти во месецот аконтативен износ на персонален данок во висина од една дванаестина од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс. Co ова ссе напушта старото решение на оданочување на овие субјекти со персонален данок на доход по Решение од УЈП.

 

4. Новини во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

 

Согласно последните измени стапени во сила од 01,01,2014година, менаџерите КОИ HE СЕ ОСИГУРЕНИ ПО НИЕДЕН ДРУГ ОСНОВ стануваат САМИ ЗА СЕБЕ обврзници за пресметување и плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. Ова се однесува на сите невработени менаџери во сите организациони форми на трговски друштва : Управители, извршни членови на одборот на директори и членовите на управен одбор на трговски друштва. Пропишана е посебна процедура за пријавување, пресметување и поднесување на посебна МПИН апликација.

 

5. Новини во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност

Co последните измени на овој Закон утврдени се нови мерки, во сила од 05,03,2014година, за субвенционирање на нови вработувања за две категории на невработени лица и тоа:

·         Невработени лица корисници на социјална помош -за кои се исплатува субвенција на работодавачот, во период од две години и

·         Невработени лица до 29 годишна возраст - за чие вработување работодавачот се ослободува од плаќање придонеси до 12 месеци во висина на просечна бруто плата во износ од 31.025 ден.

 

За користење на овие поволности работодавачите се условени со исполнување на одрдени услови во однос на задржување на ист број на вработени и сл.

 

За повеќе информации можете да се обратите во нашата канцеларија.

 

Co почит, 

 

 

Скопје,19.03.2014

 




Назад Испрати на пријател Печати