МАКЕДОНСКО-ТУРСКА ВЕЧЕР
На ден 26 Ноември 2013година за првпат во
нашата држава се одржа манифестацијата Македонско-турска
вечер.
Организатори на оваа
манифестација која претставува Културен мост на зближување помеѓу македонскиот
и турскиот народ беа Занаетчиската
комора Скопје и Турскиот културен Центар Јунус Емре Скопје.
Манифестацијата
се одржа во Скопје, во Старата скопска чаршија, поточно во Чифте амам, со почеток во 18:00 часот.
Целта на
одржување на оваа манифестација е запознавање со културата и традицијата на
живеење на турскиот и македонскиот народ во Република Македонија и градење на
мостови на пријателство и толеранција помеѓу овие два народи, како и
пренесување на народните обичаи. Секоја земја си има свое минато и
претпознатливост, кои се манифестираат преку одредени настани, обичаи,
традиционални занаетчиски ракотворби и сл., преку кои добиваме слика за нивното
минато.
Како домаќин,
манифестацијата ја отвори со поздравно обраќање до присутните, г-динот Никола
Петров, Претседател на Занаетчиската комора Скопје, кој истакна дека оваа
манифестација претставува спој на тардиционалните обележја на двата народи и
дека како и секоја земја што има свои белези, така еден знаечаен белег нашата
држава, по кој што е претпознатлива е секако и занаетчиството. Вековите
одминувале, а занаетите го ширеле својот спектар, како секојдневна потреба но и
занимање на луѓето. Во занаетчиството луѓето ги презентирале своите знаењаи
вештини, ги испреплетувале културите на повеќе народи, ги задоволувале
потребите и остварувале врвни достигнувања за своето време и за идните
генерации.
Веднаш потоа свое обраќање кон
присутните гости имаше и Заменикот директор на Турскиот културен центар Јунус
Емре Скопје, г-ѓа Елиф Оџалмиш.
Свое поздравно обраќање на
манифестацијата, на големо задоволство на организаторите, имаше и Амбасадорот
на Република Турција, неговата екселенција, г-ин Ѓурол Сокменсуер.
Присутните гости, беа поздравени и
од Заманикот Министер за култура на Република Македонија, г-дин Драган
Недељковиќ и Градоначалникот на Градот Скопје, г-динот Коце Трајановски, кои ја
истакнаа големината на овој настан како можност за зближување на двата народи
но и огромната чест и задоволство што се дел од манифестацијата.
По поздравното обраќање
манифестацијата дополнително ја збогатија и настапите на културно уметничкото
друштво Јени Јол, со сплет на македонски и турски ора, како и настапот на
г-ѓата Виолета Томовска, врвен македонски естраден уметник, со изведба на
неколку македонски народни песни.
На манифестацијата беа претставени
македонската и турската традиционална кујна, кои се толку многу испреплетени,
но сепак различни.
За целокупноста на манифестацијата
допринесе и изложбата на македонските и турските традиционални занаети и тоа:
накит од филигран, накит од бакарна жица, накит од монистра, производи од
крзно, производи од филц, накит од сребрена жица и многу други кои се дел
македонската и турската традиција и култура кои опстојувале низ вековите.
Успешноста на оваа манифестација е
уште поголем поттик и мотив за Занаетчиската комора Скопје, во иднина повторно
да организира вакви настани со различните народи кои живеат во Република
Македонија, но и да допринесе нивно прераснување во традиција. http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/1213-makedonsko-turska-vecer-vo-cifte-amam
|