|
|||
Свечено потпишување на Меморандум за разбирање и соработка помеѓу Занаетчиска комора на Република Македонија, Занаетчиска комора Скопје и
Средните стручни училишта на Град Скопје Врз основа на Заклучокот од 12-та Седница на Влада на Р.М. одржана на
09.01.2013 година на ден 22.05.2013 година (среда) во просториите на
Занаетчиска комора Скопје ( ул,, Битпазарска бр. 12, Стара Скопска чаршија)
Занаетчиската комора на Република Македонија, Занаетчиската комора Скопје и
Средните стручни училишта на Град скопје ќе потпишат МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ И
СОРАБОТКА за имплеменатација на Законот за стручно образование и обука во делот
на учеството на занаетчиските комори во креирањето на уписната политика,
изготвување на стандарди на занаетчиски профили, струки и програми, извршување
на практична обука кај занаетчиите и завршни испити по практична обука и
нејзино оценување. Со овој меморандум ќе се овозможи вклученсот на
работодавачите – занаетчии во содавањето на работна сила за занаетчиството со вештини и комептенции
потребни за директно вклучување во процесот на работа. Учеството на занатечиите во образовниот процес ќе допринесе за певземање на
одговорност кај стопанството во процесот на создавање на сопствен кадар и кадар за пазарот на труд. Потпишувањето на овој меморандум е прв од останатите меморандуми кои ќе ги
потпишат и Заанетчискта комора на
Република МАкедонија и останатите регионални занаетчиски комори со средните
стручни училишта од регионот што го покриваат. Лица за контакт: Оливија Штерјова Снежана
Денковска Моб. 075/338264 моб.071/991981 Email:info@zkomora.mk info@zkomora.com.mk |
Назад | Испрати на пријател | Печати |