ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВО 2013 ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ - 25.4.2013

ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВО 2013

ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ

На 24.04.2013 година, традиционално и годинава се отвори манифестацијата Денови на занаечиство 2013 и Пролетен Базар на Домашни ракотворби. Целта на оваа манифестација е промоција на занаетчиството и занаетчиите,  нивните производи и услуги,  како и доближување на занаетчиството до младите луѓе, обичниот граѓанин и институциите. Преку оваа манифестација  Занаетчиската комора Скопје врши континуирана кампања за промоција на занаетчиството како битен фактор за економскиот развој на државата и за зачувување на традицијата и културата на нашата држава.

Манифестацијата ја отвори Претседателот на Занаетчиска комора Скопје, г-динот  Никола Петров. Како резултат на воспоставената соработка со Турскиот Културен центар –Јунус Емре Скопје и продолжување на соработката со Градот Скопје, свое обраќање на манифестацијата имаа и директорот на Центарот, г-дин  Тајфун Калкан и Раководителот на Секторот за локален економски развој при Градот Скопје, г-динот Слободан Ќосев.

Дел од Манифестацијата преку свои промотивни штандови беа и средните стручни училишта на Градот Скопје, и тоа: СУГС Димитар Влахов, СЕТУГС Михајло Пупон, АСУЦ Боро Петрушевски, СУГС Георги Димитров, СУГС Лазар Танев, СУГС Владо Тасевски и СУГС Кочо Рацин. Целта е промоција на тригодишното и четиригодишното средно стручно училиште, подигање на јавната свест кај младите луѓе за зголемување на нивниот интерес за запишување во некое од средно стручно училиште, каде што ќе се стекнат со квалитетно теоретско образование и практична обука што ќе резултира со стекнување на вештини и компетенции кои ќе им овозможат полесен пристап на пазарот на трудот и поголеми можности за вработување или самовработување.

Во рамките на Манифестацијата  се одржува и Пролетен Базар на домашни ракотворби, кој ќе трае до 27 април 2013, проект реализиран од Занаетчиска комора Скопје, а финансиски подржан од Градот Скопје. На базарот ќе учествуваат креативните занаетчии од редот на домашните уметнички ракотворби и тоа: изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, слики од срма, плетени и ткаени производи, папуџии, јорганџии, прозиводи од дрво и многу други.

Содржините на Манифестациите дополнително ја збогатија и ревија на накит од монистра, накит од филигран, накит од бакарна жица кој го изработуваат членови на Занаетчиска комора Скопје, како и накит од сребрена жица на членовите на Турскиот културен Центар Јунус Емре Скопје. Потоа следуваше и ревија на венчаници, ревија на народни носии и ревија на модели со традиционални етно мотиви. Моделите на накит и венчаници ги презентираа ученици од СУГС Димитар Влахов Скопје.

На крајот се презентираше и спотот ,,КАКОВ БИ БИЛ СВЕТОТ БЕЗ ЗАНАЕТЧИСТВО``, изработен од Занаетчиска комора Кобленц, долгогодишен партнер на Занаетчиска комора Скопје во кој на еден симболичен начин се презентира дека ,, ЗАНАЕТЧИСТВОТО Е СЕ ОКОЛУ НАС``.

 




Назад Испрати на пријател Печати