Соопштение - ЈАВЕН ПОВИК - Субвенционирање на автентични занаети - 17.4.2013

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

 

Согласно  Програмата за  конкурентност, иновации и  претприемништво за  2013 година,  ("Службен  весник на Република Македонија" бр. 4/2013), Министерството за економија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на занаетчии, Проект-поддршка на автентични занаети

 

1. Предмет на  јавниот повик е субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност државјани на Република Македонија преку  кофинансирање до 60% од докажаните  трошоци, но не повеќе од 120.000 денари направени за следните намени:

-       набавка на опрема и алат,

-       уредување и подобрување на деловниот простор и

-       стручно оспособување ·обуки за дизајн  на нови производи, дизајн  на амбалажа, маркетинг, уредување на nродажниот nростор,  утврдување цена,  подобрување на квалитет на постојните производи nреку воведување на нови техники и технологии на вработените и работодавачите/мајсторите, (но не повеќе од 20.000 денари).

 

Согласно  Програмата за  конкурентност, иновации  и  претприемништво за  2013 година  ("Службен  весник на Република Македонија" бр. 4/2013) дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 2. Проект­ Поддршка на автентични занаети, одобрени се средства во висина  од 1.200.000,00 денари.

 

Средствата од субвенциите не се наменети за следните трошоци:

-       Набавка на nотрошен ма теријал, трговски  стоки и возила;

-       Износот платен за  ДДВ за  намените/трошоците за кои се бара  субвенција, без  разлика дали апликантот е ДДВ обврзник или не;

-       Царина за  намените/трошоците за кои се бара субвенцијата; Курсни разлики;

-       Закупнина за деловен простор и сл.

 

За  кофинансирање се признаваат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во  периодот од 1 јануари 2013 до 15 октомври 2013 година.

 

Доколку занаетчијата корисник на субвенцијата nрестане со вршење на дејноста  пред истекот  на една година  од датумот на објавување на јавниот повик (освен во случај  на смрт или трајна неспособност), има обврска да врати 80% од доделените финансиски средства по основна предвидените намени во период од 12 месеци.

 

2. Право на учество на  јавниот повик имаат:

-       Занаетчии и   вршители  на   зана етчиска   де јност   кои   не   добиле   буџетски  средства   од Проектот Македонска автентична ракотворба во  претходната 2012 година.

-       Занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност  кои се регистрирани согласно Законот за вршење  на занаетчиска дејност  ("Службен  весник  на  РМ" бр. 62/04,  55/07, 115/10, 36/11  и 53/11) и  кои  обаву ваат дејности наведени во Образец .Прилоr - АЗ/2013";  може  да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за  економија www.economy.gov.mk.

-       Имаат деловно седиште во РМ;

-       Започнале со работење најмалку 1(еден) месец пред објавувањето на јавниот  повик  (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии или упис во трговскиот регистар.

 

3. Потребни документи за пријавување:

-     Пополнет   Образец  .Барање-  АЗ/201З";може  да   се  подигне   од  архивата  или   од  веб  страната на Министерст вото за  економија www.economy.goy.mk

-       Решение  за  упис во  Реrистар  на  занаетчии  или  потврда/одобрение од  Евиденција  на  вршители  на занаетчиска дејност;

-       Тековна состојба од Централниот регистар на РМ не постара од 3 (три) месеци;

-       Уверение од Управа за јавни приходи за платени даноци и придонеси, не постара од 3 (три) месеци;

-       Фактура/и за направените трошоци;

-       Извод од банка депонент  или swift  во кој се гледа дека апликантот  целосно ги подмирил обврските за направените трошоци;

-       Доказ   за  завршена   обука  (сертификат  или   диплома),  доколку   апликантот  аплицира   за   стручно оспособување;

-       Изјава од апликантот дека досеrа не користел средства од Буџетот на РМ за ниту една од  намените  на ова мерка, заверена  на нотар.

 

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или  копии  заверени на нотар. Ненавремена и нецелосна документација нема да биде предмет на разгледување од страна  на Комисијата.

 

Јавниот повик е објавен и на веб страницата www.konkurentnost.mk

 

Барањата  за  субвенционирање ги  разrледува  Комисија формирана од министерот  за економија.  Одобрените барања ќе бидат исплатени по редослед на нивното поднесување, се до исцрпување на расположливите средства за ова намена.

Еден апликант може да користи субвенција за наведените  намени само еднаш по објавен јавен повик.

 

Барањата   со комплетна  документација се доставуваат во Архивата на Министерството  за економија, ул. "Јуриј Гагарин" 15, Скопје, до 15 октомври 2013 година.

 

 

Контакт тел: (02) 3093 445; (02) 3093 501    www.economy.gov.mk



Јавен повик за проектот
Прилог кон повикот
Барање

Назад Испрати на пријател Печати