Кредити за занаетчии за вработување работници преку АВРМ -

Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување на Република Македонија од 2012 година започна со реализација на Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места.

            За таа цел, ги известуваме правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис како и невработените лица кои сакаат да го решат своето вработување, а со тоа да бидат дел од овој Проект на Владата на РМ, дека Агенцијата за вработување на Република Македонија, објавува:

 

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

 

  Пријава може да достави правен субјект (микро и мало претпријатие) кој е  регистриран најмалку 1 година, кој има најмалку 2 вработени лица минимум 3 месеци пред денот на објавување на јавниот оглас, и кои воедно не го намалил бројот на вработените во последните 6 месеци.

Пријава за учество во овој Проект може да достави и невработеното лице кое е евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ најмалку 3 месеци, сметано до денот на објавувањето на јавниот оглас.

Кредитот ќе изнесува 3.000 евра во денарска противвредност по едно новоотворено работно место со максимален износ до 9.000 евра за 3 новоотворени работни места.

            Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице има обврска да го задржи на работа  најмалку 36 месеци од денот на засновање на работниот однос или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на  Агенцијата за вработување, во спротивно треба предвремено да го врати кредитот во целост.

 

     Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

 

·         Рок на враќање на средствата е 2 години.

·         Грејс период од 1 година.

·         Каматна стапка од 1% на годишно ниво.

·         Гаранција за поврат на средствата со  хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит или банкарска гаранција.

 

      Правниот субјект при пријавувањето должен е да:

 

      -   е регистриран најмалку 1 година до денот на објавување на јавниот оглас (Решение од регистрација);

      -   на денот на пријавувањето не е во стечајна постапка и ликвидација (Уверение дека не е поведена стечајна постапка и ликвидација);

      -    ги има измирено сите даноци и придонеси;

      -    да има остварено добивка во 2011 година.

 

 

Доколку, правните субјекти по извршеното поврзување со невработените лица кои имаат доставено пријава по објавениот јавен оглас не успеат да ја задоволат својата потреба од работник со соодветен профил, Центарот за вработување ќе пристапи кон посредување со пребарување заради наоѓање на невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на РМ.

Заинтересираните правни субјекти  и невработени лица, Пријави  можат да поднесат во период од 01.04.2013 година до 10.04.2013 година, во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија.  

 Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и њеб страната www.avrm.gov.mk.

                               

 

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ                                                           

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА




Назад Испрати на пријател Печати