ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на приватни претпријатија за воведување на ХАЛАЛ систем -

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 4/2013), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на приватни претпријатија за воведување на ХАЛАЛ систем


1. Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка за консултантски услуги за воведување на ХАЛАЛ систем.

Согласно дел II, А. ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, мерка 5 -Финансиска поддршка за воведување на ХАЛАЛ систем од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 4/2013), за оваа намена предвидени се средства во вкупен износ од 500.000 денари. За реализација на оваа мерка, Министерството за економија субвенционира приватни претпријатија за воведување на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 40.000 денари поединечно за секој деловен субјект - барател на средствата.

2. Право на учество на јавниот повик имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои се сертифицирани со ХАЛАЛ систем.

3. Потребни документи за пријавување:

 

        Барање (Образец ХАЛАЛ/2013) - може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economv.gov.mk

        Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар на Република Македонија, не постара од 3 (три) месеци;

        Уверение за платени даноци издадено од Управата за јавни приходи, не постаро од 3 (три) месеци;

        Сертификат за сертифициран ХАЛАЛ систем, издаден од Агенцијата за сертифицирање на ХАЛАЛ квалитет од Босна и Херцеговина во соработка со Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија;

        Договор меѓу барателот и консултантската куќа која има вработено овластен консултант за воведување на ХАЛАЛ систем, склучен во текот на 2012 или 2013

година. Доколку консултантската куќа е од странство, Договорот треба да биде преведен на македонски јазик од овластен судски преведувач.

        Потврда со која се докажува дека консултантот е овластен за воведување на ХАЛАЛ систем, издадена од Агенцијата за сертифицирање на ХАЛАЛ квалитет од Босна и Херцеговина во соработка со ИВЗ на Македонија;

        M1/M2 образец за консултантот со кој се докажува дека е вработен во консултантската куќа со која барателот склучил Договор за воведување на ХАЛАЛ систем;

        Фактура/и од консултантската куќа;

        Извод од банка или SWIFT од кој се гледа дека барателот целосно ја подмирил обврската кон консултантската куќа;

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копии заверени на нотар.

Непотполните и ненавремени барања нема да се разгледуваат.

 

Јавниот повик е објавен и на веб страницата www.konkurentnost.mk.

Поднесените барања ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија. Одобрените барања ќе бидат исплатени по редослед на нивното поднесување, се до исцрпување на расположливите средства за оваа намена.

 

Еден апликант може да користи субвенции само еднаш по објавен јавен повик.

Барањата со комплетната документација треба да се достават во Архивата на Министерството за економија, ул. "1уриј Гагарин" 15, Скопје, до 15.10.2013 година.


тел: (02) 3093 445; (02) 3093 501   www.economy.gov.mk




Назад Испрати на пријател Печати