ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем -

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2013 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 4/2013), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на приватни претпријатија за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем

1.         Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем.

Согласно дел II, А. ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА мерка 4 - финансиска поддршка за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 4/2013), за оваа намена предвидени се средства во вкупен износ од 300.000 денари.

За реализација на оваа активност, Министерството за економија доделува финансиска поддршка за обука до три лица од деловниот субјект, при што за секое обучено лице ќе се доделат до 20.000 денари.

 

2.         Право на учество на јавниот повик имаат:

Претпријатија што вршат производна дејност од прехрамбената индустрија или угостителска дејност (ресторани и хотели).

 

3.         Потребни документи за пријавување:

          Барање (Образец НАССР/2013) - може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economv.gov.mk

          Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар на Република Македонија, не постара од 3 (три) месеци;

          Уверение за платени даноци издадено од Управата за јавни приходи, не постаро од 3 (три) месеци;

          Договор помеѓу барателот и консултантската куќа за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем, склучен во текот на 2012 или 2013 година. Доколку консултантаската куќа е од странство Договорот треба да биде преведен на македонски јазик од овластен судски преведувач;

          Сертификат издаден од консултантска куќа;

          Фактура/и од консултантската куќа;

          CV од тренерите акредитирани согласно Законот за високо образование и Законот за образование на возрасни;

          Извод од банката депонент или SWIFT во кој се гледа дека деловниот субјект целосно ја подмирил обврската кон сертификационото тело согласно Договорот.

 

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копии заверени на нотар.

Непотполните и ненавремени барања нема да се разгледуваат.

Јавниот повик е објавен и на веб страницата www.konkurentnost.mk Поднесените барања ги разгледува Комисија формирана во министерот за економија. Одобрените барања ќе бидат исплатени по редослед на нивното поднесување, се до исцрпување на расположивите средства за оваа намена.

 

Еден апликант може да користи субвенции само еднаш по објавен јавен повик.

 

Барањата со комплетната документација треба да се достават во Архивата на Министерството за економија, ул. "Јуриј Гагарин" 15, Скопје, до 15.10.2013 година.

 

тел: (02) 3093 445; (02) 3093 501   www.economy.gov.mk____________________




Назад Испрати на пријател Печати