ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени -

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

 

Согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2013 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 4/2013), Министерството за економија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени

 

1. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 51%) и управувани од жени, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари направени за следните намени:

·         Набавка на опрема, алати и инвентар;

·         Уредување/подобрување на деловниот простор и

·         Грижа/чување на деца од предшколска возраст за жени кои отпочнуваат сопствен бизнис (60% од трошоците за градинка или дадилка, но не повеќе од 30.000 денари).

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 6 - финансиска поддршка за женско претприемништво („Службен весник на Република Македонија" бр. 4/2013), за оваа намена предвидени се средства во вкупен износ од 630.000 денари.

 

Средствата од субвенциите не се наменети за кофинансирање на следните трошоци:

·         Набавка на потрошен материјал, трговски стоки и возила;

·         Износот платен за  ДДВ за  намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето, без

·         разлика дали апликантот е ДДВ обврзник или не;

·         Царина за намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето;

·         Курсни разлики;

·         Закупнина за деловен простор и сл.

 

За кофинансирање се признаваат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во периодот од 1 јануари 2013 до 15 октомври 2013 година.

 

Доколку претпријатието кое аплицира за кофинансирање на трошоци по основ на оваа мерка престане со вршење на дејност пред истекот на 1 година од датумот на објавување на јавниот повик (освен во случај на смрт или трајна неспособност), во тој случај лицето - основач на фирмата има обврска да врати 80% од доделените финансиски средства по основ на предвидените намени во период од 12 месеци.

 

2. Право на учество на јавниот повик имаат:

Претпријатија кои не добиле буџетски средства за финансиска поддршка на женско претприемништво во претходната 2012 година.

Претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО во сопственост на жени (над 51%) и управувани од жени, државјани на Република Македонија, кои ги исполнуваат следните услови:

·         Работење во траење од најмалку еден месец пред објавувањето на јавниот повик (регистрација /упис во трговскиот регистар);

·         Оствариле позитивен финансиски резултат во претходната 2012 година (со исклучок на

·         претпријатијата кои се основани во текот на 2013 година);

·         Имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија;

·         Имаат барем двајца вработени на неопределено време вклучително и сопственичката на претпријатието;

·         Намирени обврски кон државата и вработените.

Овие субвенции не се наменети за :

·         Претпријатија чија основна дејност е трговија, примарно земјоделско производство и рибарство, образование и туризам.

·         Правни и/или физички лица кои вршат   дејност од областа на   здравството, адвокатура, нотаријат како и извршители, стечајни управници, проценители и др.

·         Претпријатија над кои е покрената стечајна постапка или ликвидација.

3. Потребни документи за пријавување:

          Барање Образец - ЖП 2013 ";може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economv.gov.mk

          Тековна состојба од Централен регистар на РМ (ЦРМ) не постара од 3 (три) месеци;

          Уверение од Управата за јавни приходи на РМ за платени даноци и придонеси, не постаро од 3 (три) месеци;

          Информација за економско-финансиска состојба за 2012 година издадена од ЦРМ (со исклучок на претпријатијата кои се основани во текот на 2013 година);

          Образец M1/M2 за најмалку двајца вработени вклучително и за сопственичката на претпријатието;

          Извод од матична книга на родените за дете/деца (доколку аплицира за кофинансирање на трошоци за грижа/чување на деца од предшколска возраст);

          Фактура/и за направените трошоци;

          Извод од банка депонент или swift во кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обрските за направените трошоци;

          Изјава од апликантот дека досега не користел средства од Буџетот на РМ за ниту една од намените за оваа мерка, заверена на нотар.

 

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копии заверени на нотар.

Непотполните и ненавремени барања нема да се разгледуваат.

 

Јавниот повик е објавен и на веб страницата www.konkurentnost.mk

Поднесените барања ги разгледува Комисија формирана во министерот за економија. Одобрените барања ќе бидат исплатени по редослед на нивното поднесување, се до исцрпување на расположивите средства за оваа намена.

 

Еден апликант може да користи субвенции само еднаш по објавен јавен повик.

Барањата со комплетната документација треба да се достават во Архивата на Министерството за економија, ул. "Јуриј Гагарин" 15, Скопје, до 15.10.2013 година.

 

тел: (02) 3093 445; (02) 3093 501   www.economy.gov.mk




Назад Испрати на пријател Печати