РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ТРДИЦИОНАЛНИТЕ ТУРСКИ РАКОТВОРБИ НА БАЛКАНОТ - 15.11.2012

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ:

Ревитализација на Традиционалните Турски Ракотворби на Балканот

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ:

Институтот Јунус Емре и Халк Банка на Турција

МЕСТО / ЛОКАЦИИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ:

Босна – Херцеговина (Сараево – Фојница), Македонија (Скопје), Косово (Приштина – Призрен) , Албанија (Тирана- Шкодра), Романија (Букурешт – Констанца) .

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Времетраење на Проектот

2 години

 

Тема на Проектот / Опис

Целта на Проектот е утврдување, ревитализација и развој  на веќе исчезнатите  или заборавените традицонални турски ракотворби на Балканот, за таа цел предвидена е реазлизација на професионални курсеви предводени од страна на експерти од определени области на традиционалните уметности.

Оправданост на Проектот

Со текот на времето изгубени се ефектите на повеќето традиционални заеднички културни вредности кои датираат со векови на Балканот, токму поради тој факт со овој проект во предвидените земји треба да се развиваат исчезнатите заеднички културни вредности и да се поттикне нивното повторно оживување.

Цели на Проектот

Проектот, има за цел да се спречи исчезнувањето на постојните традиционални занаети кој се сочувани со вокови на Балканот а со тоа да се овозможи нивно пренесување на идните генерации, за таа цел проектот  обезбедува професионална обука на народите на Балканот. На овој начин, ќе се допринесе и за заживување на традиционалната култура, а воедно курсистите ќе се здобијат со професионални и стручни вештини. Проектот предвидено е да се имплементира во соработка со невладините орагнизации, релевантните министерства и универзитети, јавни институции и организации, исто така по завршувањето на обуката ќе се почне со процесот на производтсво. На крајот од Проектот ќе се организира кермез и изложби, ќе се отвараат продажни места за ракотворбите кои ќе ги произведуваат стручно уосвршените курсисти.

Датум на спроведување

на Проектот

 2012- 2014

Проектни активности

Реализација на  едукативно образовни активности за  совладување на вештините на традиционалните турски ракотворби, обука на нови мајстори, тренинг работилници, и со помош на разни културни активности да се зголеми интересот и да се планира понатамошното зачувување на традиционалните уметности.

Целни земји 

 

 

Можни Уметнички курсеви во рамките на Проектот

Босна – Херцеговина (Сараево – Фојница), Македонија (Скопје), Косово (Приштина – Призрен) , Албанија (Тирана- Шкодра), Романија (Букурешт – Констанца).

 

Обработка на Седеф:

Историјата на овој вид на ракотворби датира уште од Сумерската Цивилизација, првите примери на оваа уметност кај Турците се најдени во раните фази  на Отоманската империја.Често користена метода за украсување на предмети, особено како декоративен материјал се употребувало лушпата на морските  школки за декорација на предметите за уредување на  ентериерот на палатите и дворците. Се применува на начин така што дрвото предхотно се изработува според пред-дизајнирани шаблони, и со поствување на лушпата од школки се постигнува посакуваната декорација на дрвенаријата. Развојниот подем на овој вид на традиционален начин на декорирање на дрвени предмети датира особено од 17 век., период кога Османлиските занаетчии ги изработувале највпечатливите оригинални декоративни примероци. Разно разни дрвени предмети, декорација на дрвени врати, говорници, рамки за огледала, украсни дрвени предмети што се користело во секојдневниот живот, столици и многу други дрвени прозиведи биле украсувани со седеф.

 

Обработка на стаклени производи:

Првите впечатливи примероци на стаклени производи     од минатото се производени во Анадолија, употребени се  во архитектонските споменици и во предметите што се користеле во секојдневниот живот за време на владеењето на Империјата на Селџуците. Особено впечталиви се  стаклените чинии, вазни, чаши, фрагменти и парчиња од стаклени шишиња, обоени стаклени парчиња користени во ентериерот на објектите, со што се овозможувало светлота да рефлектира во внатрешноста на објектот, стаклото исто така се користело и за различни структури во градбите.За време на Отоманската ера, занаетчиите кои работеле и прозиведувале во  таканареченото ателје и работилница "Camgeran еснаф" се здобиле со голема слава и биле прочуени занаетчии.  Од 17. век.  многубројни светилки, шишиња за медицински лекови, шишиња за парфеми, мастило, сетови за миризливи екстрати, украсни стаклени чинии за шеќер, и сл. се прозиведувале украсени со скапоцени камења.

 

Обработка на Витраж :

Изработката на витраж - декоративната уметност на стакло позната како најстара декоративна уметност уште од Античките времиња, најстарите насликани примери датираат од 9 и 10. век,  развојот на овој вид на  уметност различните форми и модели датираат од периодот на валдеењето на Селџуците. Во Отоманскиот период витражот е користена за украсувањето на џамиите, куќите, конаците, палатите, сарајите, турбиња- надгробни споменици, може да се видат највпечатливи и  истакнати примери на витраж. Денес, познати се пет различни вида на техники за изработка на витраж; мозаик витраж, витраж со смола, витраж со олово, витраж - обоено стакло, тифани витраж.

 

Обработка на Дрво:

Во Анадолија особено за време на владеењето на Селџуците создадени се оригиналните примероци и  форми на дрвените декоративни предмети, дограмаџиите како занаетчии свој подем на развој доживеале особено во отоманскиот период и во периодот од кнежевствата Беглербег, претежно се преферирало дрвото орев, јаболко, круша, кедрово дрво, абонос и розово дрво од што се изработувале; говорници, прозорци, врати, основи за столбови, греди и маси и разни други дрвени предмети сочувани до денес. Во Отоманската ипмерија таканаречените Rûmili композиции и цветни мотиви на дрвото се изработувале како најрепрезентативни мотиви за декорација, исто така изработени се разноразни декоративни, минбери - говорници изработени во   кундекари техника, за гредите користена е таканаречената гнездо техника, во масите ажур, во вратите и прозорците техниката разни видови на резби и сликарски техники за декорација на столбови.

 

 

 

 

 

 

Батик:
Повеќе се користи за украсување на свилени ткаенини, свилената такенина се вовлекува во обрач, такенината добро се тегне везот се изведува во согласност со моделот што предходно е нацртано со соодветен молив по префрлање на конецот на различен начин, има неколку вида на техники за изработка на батик, сол батик батик со чворови, батик со тегли како и техника со разни водови на апликации.

 

Рачна Обработка на Панделки:

 Популарната уметност на игла изведена со свилена лента датира уште од средината на 1800-тите години, порано се користело за декорација на воени униформи, а подоцна и цивилното население го користеле за декорација на елеци. Во последниве години овој вид на уметност - рачна изработка на панделки е меѓу најпопуларните занаети. Употребата на свилената панделка е многу распостранета и многу обемна, имено со свилена панделка може многу облеки да се украсуваат, чаршафи за маси, прекривачи за  кревети, торби, чанти, разни паноа може да се украсат со свилени панделки.

 

Обработка на Сребрен Накит:

Обработка на сребрен накит, украсни предмети, разни видови на накит, везови, огледала, украсни бокали среброто се користи како декоративен материјал во процесот на декорирање на ваков вид на производи, посебен вид на уметност за декорација. Во обработката на сребрени  украсни предмети се применуваат многу различни техники. Заедничка карактеристика на сите видови на техники е методот на употребата на жиците со  посебен начин на заварување и виткање на жици и плочи во дадена форма. Таканаречено Трабзон мрежни везови, филигранство, обработка на ажур и разни видови на  плетени декорации се наведуваат како основни техники карактеристични за ваков вид на уметност.

 

 

Придобивки од Проектот

 

Со овој проект, ќе се овозможи повторна ревитализација и нивно презентирање на територијата на Балканот, на денес веќе заборавените традиционални ракотворби како одраз на нашите заеднички културни вредности.

Исто така, ако се земе предвид поновата историја на регионот, со оглед и на различни тешкотии и проблеми во општата економска состојба во регионот, проектот има за цел да се овозможи корисни придобивки на Балканот, со професионално и стручно оспособување на курсистите да се стекнат со занаети,а со тоа да се зголеми шансата за вработување, исто така со овој проект се смета дека ќе се допринесе за значително зголемување на приходите остварени од туризмот во регионот.

Така, Балканските народи со учество на предвидените бесплатни курсеви ќе допринесат за реализација и сотаврување на предвидените цели на  Проектот, професионалните курсеви играат важна улога во одржливоста на проектот и ќе има корист за Балканските народи. Од друга страна, веруваме дека на територијата на Балканскиот полуостров со ревитализација и презентирање на традиционалните занаети, ќе допринесеме за зголемување на културните и економската активност во регионот, исто така, ќе се допринесе за зачувување и понатамошно опстојување на заедничките културни вредности.



Формулар за аплицирање

Назад Испрати на пријател Печати