Јавен оглас за Проект за самовработување со кредитирање, со кој на корисниците на кредити им се овозможи да започнат сопствен бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. -

Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување на Република Македонија од 2008 година успешно ја спроведува активната политика/мерка - Проект за самовработување со кредитирање, со кој на корисниците на кредити им се овозможи да започнат сопствен бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Врз основа на постигнатите позитивни резултати и заради големиот интерес од невработените лица, Владата на РМ ги продолжува активностите за континуирано спроведување на оваа активна мерка.

За сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да бидат дел од овој проект на Владата на РМ, ги известуваме дека Агенцијата за вработување на РМ, објавува:

 

Ј А В Е Н О Г Л АС

до невработените лица

 

Барање за кредит може да достави секое невработено лице кое е најмалку 1 година на евиденција на невработени лица во Агенцијата за вработување на РМ.

Барање за кредит може да достави секое невработено лице кое е најмалку 6 месеци на евиденција на невработени лица во Агенцијата за вработување на РМ, доколку припаѓа на некоја од следните целни групи:

-млади лица до 27 години;

-корисник на паричен надоместок по основ на невработеност и во моментот на поднесување на барањето за кредит има користено паричен надоместок најмалку 6 месеци; и

-лица на возраст над 55 години.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

 За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра.

 За дејности од поголем обем за кредитобарателот 5.000 евра, а за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра.

 Грејс период од 1 година.

 Рок на враќање на средствата е 3 години за кредит до 9.000 евра, односно 5 години за кредит над 9.000 евра.

 Каматна стапка од 1% на годишно ниво.

 Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари).

 Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, емство со најмалку 1 кредитоспособен жирант или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

 Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра за лица кои се: невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација и се невработени повеќе од 3 години.

 

Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во период од 15.09.2012година до 01.10.2012година, во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и web страната www.avrm.gov.mk

 

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 




Назад Испрати на пријател Печати