Проектот „ХАУС МАЈСТОР“ -

Визија  на Занаетчиската комора Скопје

 

Како невладина самостојна асоцијација  на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со стручен кадар остварува работење и има извонредно реноме за својата улога во промовирање на занаетчиството и создавање поволни услови и клима за негов развој и подобрување на имиџот на занаетчиството во општеството,како и имиџот на стручното образование кое создава подмладок и работна сила за занаетчиството.

 

Мисија на Занаетчиската комора Скопје

 

 

Ние сме подготвени да дадеме максимален придонес кон политиката на Министерството за економија и Владата на Република Македонија кон спречување на сивата економија во занаетчиството и понуда на квалитетни занаетчиски производи и услуги преку спроведување на Законот за вршење на занаетчиска дејност,враќање на учениците во средните стручни училишта и изучување на занаетчиски струки,преку нашата посветеност кон унапредување на социјалното партнерско работење со ресорните министерства ,јавните институции и локалната самоуправа на заедничко дејствување  за развивање на занаетчиството и средно стручно образование според потребите на работодавачите и пазарот на трудот.

 

Цели на проектот

 

  • Спречување на сивата економија
  • Развивање на свеста на граѓаните за ангажирање на легално регистрирани занаетчии, од нас за нас
  • Подршка од инспекциските органи сите ТП и ТД да добијат одобренија за вршење занаетчиски дејност
  • Добивање на комплетна евиденција на вршители на занаетчиска дејност

      (ТП и ТД )

 

Пораки на проектот

 

СТОП ЗА СИВАТА ЕКОНОМИЈА !

 

ЗАЕДНИЧКИ ДО КВАЛИТЕТНИ И СИГУРНИ УСЛУГИ !

 

ДА НЕ ГИ ПОДРЖУВАМЕ ОНИЕ  КОИ НЕПЛАЌААТ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ !




Назад Испрати на пријател Печати