Реакција од Занаетчиската комора Скопје до Град Скопје -

До:Средни училишта во Град Скопје

   ______________________________ Скопје

   Директор

Доставено и до:

Градоначалник на Град Скопје

Г-дин Коце Трајановски

Од:Занаетчиска комора Скопје

Секција на фотографи

 

Предмет:Известување

Место и дата:Скопје,16 јануари 2012 год.

     Почитувани,

          Ве известуваме дека Секцијата на фотографи при Занаетчиска комора Скопје,на ден 09.01.2012 год. по добивање на информација од повеќе директори на СУГС дека фотографот Горан Поп Атаносовиќ(тел за контакт 078/245 137 )од Фото МЕМОРИ од Скопје,оди кај директорите на средните училишта во Скопје и ги информира дека е испратен од страна на Градоначалникот на Град Скопје за да ги фотографира учениците во сите средни училишта во Скопје и доколку не прифатат им се заканувал дека ќе бидат сменети од функцијата директор.

            По добивањето на информацијата е разговарано со кој не извести дека Градоначалникот кој не извести дека неманикакаква врска со овој случај и дека училиштата треба да си изберат фотограф по постапка утврдена според законските прописи од регистририрани фотографи во Градот Скопје.

            Ве известуваме регистририран фотограф е оној кој е запишан во Регистарот на занаетчии и добива Решение завршење занаетчиска дејност и во Евиденција на вршители на занаетчиска дејност во која се запишуваат Трговци поединци и трговски друштва со доказ дека се запишани во трговскиот регистар и имаат стручно образование или стручна оспособеност за вршење на занаетчиска дејност и добиваат одобрение за вршење на занаетчиска дејност како доказ дека дејноста ќе ја врши квалитетно,пропишано со Законот за вршење на занаетчиска дејност(сл.в.на РМ бр.64/2004,55/2007,115/2010,36/2011 и 53/2011.

            Регистарот на занаетчии и Евиденција на вршители на занаетчиска дејност ги води Занаетчиската комора Скопје

      

            Со ова постапка на еден фотограф кој го злоупотребува името на Градоначалникот се ставаат во нерамноправна положба останатите фотографи.

            Со почит и желба за добра соработка.

 Занаетчиска комора Скопје       

   Секција на фотографи                          

       Претседател

     Душко Миловски                     




Назад Испрати на пријател Печати