Реакција од Занаетчиската комора Скопје до Општина Центар -

 

До:Основно училиште

   _____________________________ Скопје

   Директор

 

Доставено и до:Градоначалник на Општина Центар

Г-дин Тодоровиќ

 

Од:Занаетчиска комора Скопје

   Секција на фотографи

 

Предмет:Известување

Место и дата:Скопје,24 јануари 2012 год.

 

 

     Почитувани,

 

 

            Ве известуваме дека Секцијата на фотографи при Занаетчиска комора Скопје, по добивање на информација од повеќе директори на основни училишта дека Фото Мите од Скопје (тел за контакт 3134 507 ),оди кај директорите на основните училишта и ги информира дека е испратен од страна на Градоначалникот на Општина Центар за да ги фотографира учениците во основни училишта во Скопје.

            По добивањето на информацијата бараме училиштата да си изберат фотограф по постапка утврдена според законските прописи од регистририрани фотографи во Градот Скопје.

            Ве известуваме регистририран фотограф е оној кој е запишан во Регистарот на занаетчии и добива Решение завршење занаетчиска дејност и во Евиденција на вршители на занаетчиска дејност во која се запишуваат Трговци поединци и трговски друштва со доказ дека се запишани во трговскиот регистар и имаат стручно образование или стручна оспособеност за вршење на занаетчиска дејност и добиваат одобрение за вршење на занаетчиска дејност како доказ дека дејноста ќе ја врши квалитетно,пропишано со Законот за вршење на занаетчиска дејност(сл.в.на РМ бр.64/2004,55/2007,115/2010,36/2011 и 53/2011.

            Регистарот на занаетчии и Евиденција на вршители на занаетчиска дејност ги води Занаетчиската комора Скопје

           

            Со ова постапка на еден фотограф кој го злоупотребува името на Градоначалникот се ставаат во нерамноправна положба останатите фотографи.

 

            Со почит и желба за добра соработка.

 

 

Занаетчиска комора Скопје     

        Претседател                    

      Никола Петров                 

      




Назад Испрати на пријател Печати