Реакција до Америчка амбасада Скопје - Конзуларно одделение -

До:Америчка амбасада Скопје

   Конзуларно одделение

  

Од:Занаетчиска комора Скопје

   Секција на фотографи

 

Предмет:Известување

Место и дата:Скопје,23 јануари 2012 год.

 

 

     Почитувани,

 

 

            Ве известуваме дека Секцијата на фотографи при Занаетчиска комора Скопје, по добивање на информација и допис кој се дели од страна на Конзуларното одделение при Вашата амбасада на апликанти за американска виза дека за фографирање може да направат во Фото Јове,, во супермаркет ВЕРО во Каспиштец,Фото Бени во Стара скопска чаршија и во Профото Здравко Студио во Центар во Скопје, реагираше на овој допис од причина што се создава монопол за овие три фото студиа кои можат да фотографираат и изработуваат слики во Град Скопје за аплицирање на неемигрантска виза во Вашата амбасада.

            Незнаеме по кој критериум се овие фотографи привелегирани и за кои се прави реклама,кога во Скопје има 60 фотографи.

            Ве известуваме регистририрани фотографи се оние кои се запишани во Регистарот на занаетчии и добиваат Решение завршење занаетчиска дејност или се запишани во Евиденција на вршители на занаетчиска дејност а се регистрирани како  Трговци поединци и трговски друштва,а Занаетчиската комора Скопје издава одобрение (лиценца) откако ќе приложат доказ дека се запишани во трговскиот регистар и имаат стручно образование или стручна оспособеност за вршење на фотографска дејност ,доказ дека дејноста ќе ја врши квалитетно и стручно,пропишано со Законот за вршење на занаетчиска дејност (сл.в.на РМ бр.64/2004,55/2007,115/2010,36/2011 и 53/2011).

 

            Со ова постапка три фото студиа се привелегирани и се создава монопол,а останатите фотографи се ставаат во нерамноправна положба,што е спротивно на Законот за заштита на конкурентност.

            Ве молиме да не информирате врз основа на кои критериуми и постапка се избрани и се промовираат овие фотографи или само се злоупотребува меморандумот на Вашата амбасада.

 

            Со почит и желба за добра и плодна соработка соработка.

 

 

 Занаетчиска комора Скопје       

         Претседател

       Никола Петров                     

 




Назад Испрати на пријател Печати