Почитувани,
И н ф о р м ц и ј а: Паушално оданочување на самостојните вршители на дејност , Рок: 31. 12. 2010
САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ на кои водењето на деловни книги им го отежнува работењето можат да се ПРИЈАВАТ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ
Вршител на самостојна дејност (занаетчија и др), кој не е во состојба да води деловни книги или на кого водењето на деловните книги му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до УЈП и данокот на доход за 2011 година да го плаќа според паушално утврден нето приход.
Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност
Правото за паушално оданочување за 2011 година, се остварува со поднесување на Барање (“ПДД-П”) најдоцна до 31 декември 2010 година.
Исклучоци:
Паушално не може да се оданочуваат лицата: 1. што вршат трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари); 2. кои вработуваат други лица; 3. во чија дејност вложиле други лица и 4. кои остваруваат нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати.
Доколку се исполнети сите услови, УЈП на самостојниот вршител на дејност му го утврдува паушалниот нето-приход на кој се пресметува персоналниот данок на доход, притоа имајќи ги во предвид:
1. местото каде што се наоѓа деловната просторија; 2. опременоста на деловната просторија; 3. пазарните услови во кои се врши дејноста; 4. површината на деловната просторија; 5. староста и способноста на обврзникот; 6. големината на нето-приходот на обврзникот, кој под исти или слични услови врши иста или слична дејност и 7. други околности кои влијаат на остварувањето на добивката.
Промена на услови за паушално оданочување
Доколку во текот на 2011 година се изменил некој од условите за паушално оданочување, во наредната година, УЈП ке го задолжи субјектот да води деловни книги.
Линк за симнување на Образецот "PDD-P": http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0149/PDD-P_Baraњe_za_pausalno_plakanje_na_personalniot_danok_od_dohod.pdf
Искрени зимски поздрави,
|