Занаетчиска комора Скопје учествуваше на ТЕХНОМА 2010 година -

Занаетчиска комора Скопје учествуваше на ТЕХНОМА 2010 година

 

Занаетчиска Комора Скопје и оваа година учествуваше на Саемот ТЕХНОМА  - 2010 година - Меѓународниот саем на занаетчиство и мало стопанство и им понуди можност на своите членови за презентирање на своите производи и услуги,  развој и зајакнување на бизнис релациите, размена на технологии со меѓународни бизнис партнери и наоѓање партнери од следните области:

 

·       Металургија

·       Електротехника

·       Производство и трговија со електро материјали и електроника

·       Производство и трговија со градежни материјали и неметали

 

Саемот претставува одлична деловна можност за размена на искуства, можност за соработка помеѓу стопанствениците и отварање на можноста за проширување на пазарот на понуда и побарувачка на производите и услугите.

Преку саемските манифестации се отвараат можности за  воспоставување на контакти за идна деловна соработка, размена на искуства и информации, како и склучување на конкретни деловни договори кои претставуваат основа за развој на занаетчиството во регионот и пошироко.

На штандот на Занаетчиска комора Скопје својата дејност ја презентираа следните фирми: Стартерфон, Аресе Солушнс, Интерфриго,Баџо Ентерпрајз и Термал Комфорт.

 




Назад Испрати на пријател Печати